Добронамерни брачни совети кои не треба да ги слушате

Од моментот кога ќе го кажете „судбоносното да“, си немате „обезбедено“ среќа до крајот на животот. Бракот бара многу труд и вложување.

Понекогаш напорите кои ги вложуваме делуваат, некогаш не, не е сѐ и секогаш идеално, а во тешките моменти знаеме да се обратиме за совет кај најблиските.

Без разлика дали сте побарале совет или не, некои мислења, колку и да звучат добронамерно, не се добар совет и не треба да ги слушате.

Ова се трите најчести добронамерни брачни совети што не треба да ги слушате:

Во ред е ако немате секс

Недела или две, па и еден месец без секс не мора да значат дека имате проблеми во бракот. Меѓутоа, сексот е важен дел од брачниот живот, а некои би рекле и барометар за врската, па ако не сте интимни подолго време со партнерот, некаков проблем сепак постои.

Прво и најважно, треба да разговарате со партнерот за да утврдите кој е проблемот, а потоа заедно да најдете решение. Ако и двајцата молчите и само претпоставувате каде е проблемот, тој нема да се реши сам од себе, само ќе ја зголемува фрустрацијата и ќе предизвика повеќе проблеми.

Направете го секој заеднички момент посебен

Советот дека треба да направите нешто посебно за својот партнер – вечера, патување, секси долна облека... на прв поглед изгледа супер, но исто така создава премногу притисок. Не мора и не може секој момент со партнерот да биде од оние посебните за паметење, таквите искуства доволно е да ги има повремено и да бидат посебни.

Она на кое треба да внимавате е да бидете присутни во моментите поминати заедно, а тоа значи да слушате, да комуницирате, да не мислите на никого и на ништо друго. Тоа е најбесценето од сѐ.

Родителството ќе ги реши сите проблеми во врската

За жал, премногу често го слушаме советот дека дете ќе ја зацврсти врската што е разнишана од други причини. Ваквиот совет можеби е добронамерен, но е погрешен од многу аспекти.

Ако вие двајца не функционирате како двојка, голема е веројатноста дека нема да функционирате како партнери во родителските обврски. Затоа, наместо да се „фрлите“ на правење дете, вложете ги напорите во подобрување на врската.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Љубов и секс

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе