Доларот слабее, цените на нафтата растат

На азиските берзи цените на акциите пораснаа, како и на Волстрит претходниот ден, поради намалувањето на инфлациските притисоци во САД, но тргувањето е претпазливо бидејќи инвеститорите се загрижени за зголемувањето на бројот на заразени со Ковид во Кина.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без Јапонија, порасна за 0,6 отсто околу 19 часот, добивајќи сила втор ден по ред. Истовремено, на токиската берза индексот Nikkei зајакна за 0,7 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Австралија, Хонгконг и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,1 и 1 отсто.

Азиските инвеститори беа охрабрени од вчерашниот раст на цените на акциите на Волстрит. Dow Jones зајакна за 0,30 отсто, додека S&P 500 порасна за 0,7, а Nasdaq индексот за 1 отсто. Тоа е благодарение на податоците дека потрошувачките цени во САД во ноември пораснале за 7,1 отсто на годишно ниво, што е помалку од очекуваните 7,3 отсто и помалку од 7,7 отсто еден месец претходно, што покажува дека инфлаторните притисоци сè уште се намалуваат.

Пазарот многу се возбуди

По објавувањето на овој податок за најниска стапка на инфлација во речиси една година, индексот S&P 500 скокна за цели 2,7 отсто, но до крајот на тргувањето овие добивки стивнаа. Денеска се очекува одлуката на првиот човек на ФЕД за каматните стапки, која ќе покаже дали централната банка смета дека ова ублажување на инфлацијата е доволно за да се забави темпото на зголемување на каматните стапки.

По серијата зголемувања на каматните стапки за 0,75 процентни поени, пазарот проценува дека ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки за 0,50 процентни поени. Но, ќе останат прашањата до кое ниво ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки во целост - на 4,75 или 5 проценти - и колку долго ќе остане на тие нивоа. Во моментов клучните каматни стапки се движат од 3,75 до 4 отсто, што е највисоко ниво од почетокот на 2008 година.

„По податоците кои покажаа дека инфлацијата продолжува да се намалува, пазарот многу се возбуди. Но, потоа инвеститорите се преиспитаа и заклучија дека не треба да преземаат премногу ризици, имајќи предвид дека веќе во среда лидерите на ФЕД би можеле да налеат ладна вода на пазарот“, вели Џејсон Вер, директор во Albion Financial Group.

Тргување со претпазливост во Азија

И покрај добивките, на азиските берзи се тргуваше претпазливо бидејќи инвеститорите се загрижени за порастот на бројот на случаи на COVID-19 во неколку кинески градови, вклучително и Пекинг, откако властите ги олеснија рестриктивните мерки насочени кон спречување на вирусот.

Кинеските власти денеска требаше да одржат седница за нови економски стимулации, но таа седница беше одложена, а новиот датум не е објавен.

Инвеститорите стравуваат од нагло економско забавување, при што аналитичарите проценуваат дека бруто домашниот производ (БДП) на Кина би можел да порасне само за околу 3 отсто оваа година, што е најбавно во последните децении и далеку под целните нивоа од околу 5,5 отсто.

Доколку по олабавувањето на рестриктивните мерки значително се зголеми бројот на заболени од Ковид, тоа би извршило дополнителен притисок врз економијата следната година, без оглед на олабавувањето на рестрикциите, велат аналитичарите.

Доларот ослабе, цената на нафтата порасна

И на валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути значително падна пред одлуките и пораките на шефот на ФЕД. Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 104,01 поен, додека вчера во овој момент изнесуваше 105,01 поен.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 137,65 на 135,60 јени. Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0640 долари, највисоко ниво во последните шест месеци, додека вчера во ова време беше 1,0540 долари.

Цените на нафтата, пак, трет ден по ред се на позитивна територија, откако минатата недела паднаа на најниските нивоа во годината. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава порасна за 0,38 отсто, на 80,35 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,34 отсто, на 75,15 долари.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Бизнис

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more
 

Вести

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе