Богатството на американскиот милијардер Доналд Трамп се намали за 700 милиони долари во периодот додека беше претседател на САД.
Според податоците на Bloomberg, и Трамп го почувствувал влијанието на пандемијата со коронавирусот бидејќи опаднала вредноста на неговите објекти, хотели и одморалишта, како и приходите.
Неговата флота авиони и голф терените исто така ја изгубиле вредноста. Богатството на Трамп сега се проценува на 2,3 милијарди долари.
Bloomberg до овие податоци дојде преку анализа на финансиските документи во период од мај, 2016 година до јануари, 2021 година.
Меѓутоа, финансиите и семејниот бизнис на поранешниот американски претседател се предмет на истрага.