Џони Деп ја доби првата улога по последниот судски процес против неговата поранешна сопруга Амбер Хард.

Деп ќе се појави во улога на кралот Луј XV во историската драма „La Favorite“, во режија на Мајвен Ле Беско. Премиерата е закажана за 2023 година во француските кина.
Се работи за филм на Netflix, а Деп ќе го глуми францускиот крал Луј XV кој владеел во 18 век. Во остварувањето ќе глумат и француската актерка Мајвен Ле Беско (во насловната улога на Жана Ди Бари – последната официјална љубовница на кралот), како и Пјер Ришар и Ноеми Лвовски.
Netflix го лиценцира филмот за Франција, каде што и ќе се снима. Според Bloomberg, таа финансиска поддршка ќе помогне во финансирањето на продукцијата, но Netflix не е вклучен во ништо друго.
Ова ќе биде првата улога на Деп откако Холивуд му го сврти грбот по обвинувањата за семејно насилство од страна на поранешната сопруга Амбер Херд. Актерот треба да добие отштета од 10 милиони долари како компензација. Истата порота ја награди Херд со 2 милиони поради слични обвинувања, па актерката изјави дека ќе поднесе жалба.