Од почетокот на вакцинацијата против коронавирусот во САД се вакцинирани повеќе од еден милион Американци.
Директорот на Центарот за контрола и превенција на болести Роберт Редфилд рече дека САД направиле голем чекор во борбата против коронавирусот.
Според податоците, досега се испорачани околу 9,5 милиони дози вакцини, а целта на американската влада е да дистрибуира 20 милиони дози ваакцини од компанијата Pfizer и Moderna пред крајот на 2020 годиа.
САД планираат да вакцинираат 100 милиони луѓе до крајот на првото тримесечје на 2021 година.