Достаниќ уште две години во Дебар Маало

Српскиот стратег и во наредните две години ќе го предводи клубот од Дебар Маало откако управата реши да ја продолжи соработката.

Фото: ФК Работнички Скопје
Фото: ФК Работнички Скопје

Откако Ратко Достаниќ седна на клупата на Работнички, тимот живна. Почна да реди победи, да гази сѐ пред себе и само коронавирусот успеа да ја запре победничката серија на „Романтичарите“.

Оттаму, воопшто не е чудно што клупската управа реши да му понуди двегодишен договор на тренерот чии идеи очигледно одлично беа прифатени од играчите кои предтоа изгледаа како сосема друг тим.

„По предвремениот прекин на сезоната, Работнички веќе размислува за следните предизвици. Имавме разговор со шефот на стручниот штаб Ратко Достаниќ и договоривме нова двегодишна соработка. Клубот има стратегија за форсирање на млади фудбалери, а тренерот има желба да се вклопи во една таква концепција и со врвна работа и максимален професионализам кои се карактеристики на Ратко Достаниќ да стигнеме и до позитивни резултати“, вели за клупската веб-страница првиот човек на клубот, Драган Поповски.

Одличните резултати на Србинот го кренаа Работнички од последното место до осмото со 3 бода заостанување зад 4. место кое веројатно ќе води во квалификациите од Лигата Европа.

Достаниќ се наоѓа во Србија и поради затворените граници не беше во можност да дојде во Скопје и да ги почне подготовките за продолжувањето на сезоната која сега дефинитивно се прекина, па се очекува српскиот стратег да се врати во текот на летото, откако границите ќе се отворат.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе