ДСЗИ го запре извршувањето на решенијата за самоизолација и карантин

Државниот санитарен и здравствен инспекторат вчера донесе одлука со која се запира извршувањето на сите решенија донесени од овој орган во периодот од 13 до 25 јуни 2020 за ставање на лица под здравствен надзор и домашна изолација кои влегле во РСМ со негативен PCR тест на COVID-19 и потпишана изјава, како и решенијата издадени за лица кои се ослободуваат од државен карантин со негативен PCR тест на COVID-19, а спроведените дејствија по решенијата се поништуваат.

-Во врска со барањето на Главниот координативен кризен штаб доставено до Државниот санитарен и здравствен инспекторат за престанок на важноста на издадените решенија за домашна изолација за лицата кои се вратиле во Република Северна Македонија со негативен PCR тест на COVID-19, се информира јавноста дека од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат на ден 25 јуни 2020 согласно член 136 став 1 алинеја 4 од Законот за општата управна постапка (Службен весник на РСМ бр. 124/15 и 65/18) донесена е Одлука со која се запира извршувањето на сите решенија донесени од овој орган во периодот од 13 јуни 2020 до 25 јуни 2020 година за ставање на лица под здравствен надзор и домашна изолација кои влегле во РСМ со негативен PCR тест на COVID-19 и потпишана изјава како и решенијата издадени за лица кои се ослободуваат од државен карантин со негативен PCR тест на COVID-19, по нивното враќање во Република Северна Македонија, од земја со висок/среден ризик за COVID-19, а спроведените дејствија по истите решенија се поништуваат, соопшти денеска Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Одлуката, согласно Закон, ќе биде објавена во Слободен печат во текот на два последователни дена почнувајќи од 26 јуни 2020 година, а потоа и еднократно во Службен весник на Република Северна Македонија.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе