ДУИ ја усвои политичката платформа за референдумот

Скопје, 1 септември 2018 (МИА) - Членовите на Централниот одбор на Демократската унија за интеграција синоќа во Скопје ја усвои политичка платформа за референдумот со цел интеграција на Македонија во НАТО и Европската унија.

Од ДУИ посочуваат дека на  30 септември, постојат само две опции, едната е за европска Македонија, додека другата е против.

- Без двоумења и со неспоредлива посветеност, Демократската унија за интеграција со сите свои капацитети, ќе се ангажира за успехот на референдумот и победа на прогресивните сили во земјава, се наведува во соопштението од партијата.

Од ДУИ ја истакнуваат неопходноста од реформите, владеењето  на правото и еднаквоста на законот,  како и потребата  за транспарентност  и апсолутно независно судство  како предуслов за евроатланската интеграција.

Оттаму посочуваат дека партијата ќе дејствува во согласност со огромното мнозинство на Албанците и другите граѓани во кампањата „ЗА„ и ќе соработува со политичките партии, организациите на цивилното општество, академската заедница, создавачите на јавното мислење,  интересните групи и медиумите во кампањата за Европа и за НАТО.

- Ја повикуваме албанската и македонската опозиција да се приклучи на заедничкиот успех, бидејќи од постројувањето на нашата земја во Брисел придобивка има државата и граѓаните, придобивка има и опозицијата. Исто така, ги повикуваат тие што се уште се двоумат и ги калкулираат нивните позиции за дневно политички потреби, да се надминат себеси и да застанат заедно со прогресивните сили во земјата, се наведува во соопштението.

ДУИ апелира и до дијаспората како носител на процесите за промени во земјата да дојде во Македонија на 30 септември и да го подржи  референдумот за интеграција на земјата во НАТО и ЕУ.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Македонија

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Read more

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Read more

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more
 

Вести

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе