Дуковски во „Рекет“: Обвинителството не покажа докази за делото за кое се товари Бојан Јовановски

Скопје, 1 јуни 2020 (МИА) – За случајот „Рекет” видовме сè и сешто, но обвинителството не покажа докази за делото за кое се товари обвинетиот Бојан Јовановски, изјави во завршен збор неговиот адвокат Сашко Дуковски.

Целата постапка, според Дуковски, се водела со селекција на докази од обвинителството, со недавање на увид изјави на сведоци од пред обвинителство, со нецелосни и незавршени вештачења и наводното тврдење на оштетениот сведок, кој го пријавил случајот.

– Видовме снимка од цели пет секунди, на која се гледаат банкноти од по 50 евра. Потоа како на филм на Стивен Спилберг се гледа како обвинетиот излегува со таа торба лесна како перце, изјави адвокатот Дуковски.

Укажа дека, според Европската централна банка, еден милион евра во банкноти од по 50 евра би тежел 22 килограми и би требало да биде сместен во голем куфер.

– Според мои проценки, тогаш таа торба би требало да тежи 18,5 килограми, изјави Дуковски.

Обвинителството, нагласи тој, по сопствено убедување одлучи да не ни ги даде сите докази и на рочиште на 26 мај прави проширување на обвинителен акт.

– Во точка два, за перење пари од кривично дело 359 сега имате дека Бојан Јовановски од ноември 2017 година ги пуштил во промет парите кои ги добил незаконито. Како можел да троши пари за некое дело во 2017, кога во диспозитивот за делото истрагата за „Империја“ е почната 2018 година, изјави Дуковски.

Обвинителството, според Дуковски, гони за рекет од 1,5 милион евра само врз основа на исказ на оштетениот сведок Орце Камчев, кој има интерес за тоа.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Хроника

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Read more

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Read more

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе