Душан Митрев ја презеде функцијата генерален директор на Пивара Скопје

Од 1 јуни 2023 година нов генерален директор на Пивара Скопје е Душан Митрев. Тој на оваа позиција доаѓа по Горан Сладиќ кој продолжува да раководи со деловните операции на Coca-Cola HBC во Нигерија.

Новиот генерален директор на Пивара Скопје, Душан Митрев, одлично ја познава Пивара Скопје, нејзиниот развој, вработените, бредновите и нивната позицијата на пазарот, односите со потрошувачите и партнерите, како и деловното опкружување во земјата.

Тој е еден од генерацијата млади професионалци којшто своето знаење, искуство и менаџерски вештини ги градеше во Пивара Скопје. После три години поминати во PwC Скопје, во 2010 година тој му се приклучи на тимот на Пивара Скопје, во секторот финансии, каде преку посветена работа и континуирано учење напредуваше низ различни позиции, сѐ до позиција финансов директор на компанијата во 2016 година. Потоа, во 2019 година, продолжи во секторот комерција како менаџер за продажба на клучни купувачи.

Во изминатите три години Митрев дополнително ги надгради своите менаџерски и продажни вештини, извршувајќи ја функцијата директор на продажба на Coca-Cola HBC во Босна и Херцеговина, каде благодарение на неговата посветеност, тимска работа и лидерство, компанијата забележа исклучителни продажни резултати, унапредувајќи ја и зацврстувајќи ја својата пазарна позиција.

„Навистина се радувам што повторно доаѓам дома, во Пивара Скопје, на чело на тимот и средината кои многу добро ги познавам. Тргнувајќи од мотото, ‘Еднаш Пиварец - секогаш Пиварец’, имам силна енергија и визија како заедно со вработените да продолжиме да ја водиме Пивара Скопје напред, вложувајќи во нејзиниот одржлив раст и развој, во натамошно јакнење на довербата и задоволството на потрошувачите, задржувајќи го фокусот на иновациите, квалитетот и уникатните карактеристики на нашите брендови, како и во градењето одлични односи со нашите купувачи и деловни парнери, водејќи посебна грижа за придонесот што го даваме за просперитетот на пошироката задницата на која ѝ припаѓаме“, изјави новиот генерален директор на Пивара Скопје, Душан Митрев.

Одличните резултати што досега ги остварил Душан Митрев низ својата професионална кариера, дополнети со неговата стручност, иницијативност и способност за мотивирање на сите членови на тимот да го реализираат својот потенцијал, претставуваат гаранција дека со неговото лидерство компанијата ќе продолжи со одржливиот развој, со јакнењето на позициите на пазарот, градењето највисоко ниво на задоволство кај потрошувачите, како и со реализацијата на бројни општествено-одговорни проекти кои се една од нејзините главни одлики.

Минатата година Пивара Скопје ја одбележа 100-годишнината од своето основање, а следната година, заедно со своите вработени, потрошувачи, партнери и целата заедница ќе прослави и 100 години од почетокот на производството на најпознатото пиво во земјата – СКОПСКО. Од 1998 година Пивара Скопје е дел од глобалните системи на Coca-Cola HBC и HEINEKEN N.V.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе