На Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип починаа двајца пациенти со COVID-19, јави дописничката на МИА од Штип.
Според изјавата на директорот на болницата Ален Ѓеорѓијев, станува збор за пациенти на возраст од 75 и 80 години. Двајцата имале и други здравствени проблеми.
Осумдесетгодишниот пациент во болница бил примен на 5 јуни и имал кислородна поддршка. 75-годишникот бил хоспитализиран вчера, а починал само неколку часа по приемот. Посмртно земениот брис покажал дека пациентот е позитивен на COVID-19.
На Инфективното одделение во Штип се хоспитлаизирани 22 лица од општини во источниот регион, а двајца се сомнителни и се чекаат нивните резултати.
За само една недела во болницата починаа три лица од последици на коорнавирусот.