Двојна неволја за Сара Конор во трејлерот за „Terminator: Dark Fate“
Првиот трејлер за римејкот на популарната франшиза „Terminator“ е конечно тука, а во него Сара Конор и омилениот Т-800 се соочуваат со голема неволја. „Terminator: Dark Fate“ ги брише случувањата од последните три филма и започнува онаму каде што заврши култниот „T2: Judgement Day“.
Во режија на Тим Милер („Deadpool“) а под продукциската палка на Џејмс Камерон, „Terminator: Dark Fate“ ги враќа Арнолд Шварценегер и Линда Хамилтон во добро познатите улоги кои публиката ги засака во првите два филма. А како негативец во новиот филм имаат сосем нов Терминатор (Габриел Луна), кој ја има моќта да генерира свој дупликат, па со тоа претставува двојна опасност.
Премиерата на „Terminator: Dark Fate“ е закажана за 1 ноември.