Соопштение за јавност на ЕБОР

ЕБОР и ЕУ ја продолжуваат поддршката за МСП во Република Северна Македонија

€36 милиони од ЕБОР и ЕУ за зајакнување на конкурентноста

•             Наменска кредитна линија, стимулативни грантови и техничка помош за МСП

•             Средствата ќе им помогнат на МСП да инвестираат во производните капацитети и квалитет во производството

•             МСП ќе ја зголемат конкурентноста на регионалните и Европските пазари

Малите бизниси во Република Северна Македонија ќе бидат во можност да ја подобрат нивната конкурентност благодарение на пласирање на наменската програма на ЕБОР-ЕУ во земјата. Новата иницијатива комбинира кредитни линии, грантови за компаниите учесници и техничка помош. Промоцијата на програмата во Северна Македонија следи по претставувањето на истата во Косово, минатиот месец.

Во Република Северна Македонија, ЕБОР доделува €30 милиони на локалните банки кои понатаму ќе пласираат кредити на комерцијалните корисници. До сега во оваа програма се вклучени Шпаркасе Банка Македонија, Охридска банка СГ и Комерцијална банка. Средствата ќе бидат проследени со пакет на техничка помош и стимулативни грантови, во износ од €4.5 милиони, од ЕУ националниот Инструмент за пред-пристапна помош (Instrument for pre-Accession Assistance-IPA).

МСП ќе можат да ги користат фондовите за подобрување на нивните производни капацитети и да ги зајакнат процесите и квалитетот на производите преку воведување на ЕУ стандарди за заштита на човековата околина, безбедно производство, квалитет и слично.

Малите бизниси се основа на националната економија и тие вработуваат 80% од работо-способното население. И покрај нивното економско значење, малите бизниси продолжуваат да се соочуваат со пречките во нивниот развој, често пати со тешок пристап до финансирање и советодавни услуги.

Анка Јоана Јонеску, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија ијзави: ,,Ни претставува задоволство што Програмата за поддршка на конкурентност на МСП е достапна за МСП во Северна Македонија. Подобриот пристап до финансирање и советодавни услуги ќе им овозможи на бизнисите да го подобрат нивното работење и конкурентност”.

Јанмат Фрик, Раководител на проекти, ЕУ Северна Македонија изјави:,, Потребно е да има диверзификација на пристапот до финансии преку комбинација на традиционално банкарско кредитирање, стимул и трансфер на советодавни услуги, за да се дојде до целосниот редприемачки потенцијал на земјата. Крајниот резултат ќе донесе поконкурентни МСП со поголем број на вработувања и поголеми можности за раст на биснисите“.

Кочо Анѓушев, Заменик Премиер на Република Северна Македонија задолжен за економски работи и координација на економските сектори,  истакна: ,,Преку овој проект значително се подобрува пристапот до финансиски средства за малите и средни претпријатија и се овозможуваат нови, свежи средства за развој и нови инвестиции на компаниите. На располагање се €30 милиони евра и €4.5 милиони грант, што претставува атрактивна финансиска инјекција, моделирана за потребите на МСП - приближно 15 % грант за секој кредит. Ова е фактички директната помош и придобивка од интеграциите во ЕУ и НАТО“.

До денес ЕБОР има инвестирано над €1.87 милијарди во 117 проекти во Република Северна Македонија, фокусирајќи се на поддршката на интеграцијата на земјата во регионалните и глобалните пазари, преку инвестиции и пропратните активности на Банката, особено интензивирајќи ја соработката со клучните партнери-Европската Унија и Европската Инвестициона Банка.

Шпаркасе Банка Македонија е една од комерцијалните банки преку која ќе се пласираат кредитите од Програмата за поддршка на конкурентност на МСП на ЕБОР.

„Ние како една од првите банки кои се вклучени во проектот „SME Competitiveness Support Programme“  со голема одговорност ја прифативме можноста да бидеме дел од овој значаен проект за финансирање на инвестициите на микро, малите и средни претпријатија во Р. Северна Македонија. Сметаме дека овој проект ќе има значаен придонес во унапредувањето на економскиот развој на државата, подобрување на конкурентноста на компаниите на пазарите како резултат на унапредување на производните технологии, зголемување на производните капацитети, како и унапредување на енергетската ефикасност преку инсталирање на технологии кои ќе придонесат за заштита и унапредување на животната средина.“ изјави Саша Боко, член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија.

 

*Промотивен текст

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Македонија

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Read more

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Read more

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more
 

Вести

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе