Белгиецот Еден Азар вчера влезе во историјата на Челзи како десеттиот играч кој постигнал најмалку 100 гола во дресот на „сините“.
Со двата погодоци ја „среди“ победата на Челзи над Ватфорд, а во групата „недопирливи“ влезе во надополнувањето на првото полувреме.
„Иако никогаш нема да го заборавам моментот кога го постинав 101-от гол за овој неверојатен клуб, сега навивачите, играчите и луѓето во клубот бараат повеќе. Сакам да постигнам повеќе за клубот и сакам да станам легенда како Френк Лампард, Дидие Дрогба и Џон Тери“, рече Азар.
Белгиецот одигра 322 натпревари за Челзи, а со месеци се шпекулира за потенцијален трансфер во Реал Мадрид.
Гласините особено се засилија во октомври откако изјави дека „сон“ му било да премине во редовите на шпанскиот гигант, но само два дена потоа ја отфрли можноста во јануари да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.
Азар стигна во Челзи пред шест години за нешто повеќе од 30 милиони фунти.