Веќе се направени многу истражувања за тоа колку трчањето е добро за здравјето.

Во едно истражување, научниците дошле до сознание дека еден час трчање го продолжува животот за седум часа, без оглед на брзината на трчање и поминатите километри.
Студијата беше спроведена од научници од Државниот универзитет во Ајова. Тие ги анализирале податоците од многу студии кои ја разгледувале врската помеѓу вежбањето и смртноста. Без разлика на брзината или километражата, ризикот од прерана смрт беше намален кај луѓето кои трчаа. Ова сознание важело и доколку овие лица пушеле, пиеле прекумерно или страдале од одредени здравствени проблеми како што е дебелината.
Еден од авторите на студијата, професорот по кинезиологија д-р Дух-Чул Ли, рече дека по оваа студија го поставиле прашањето дали другите активности (како што е пешачењето, на пример) имаат толку многу здравствени придобивки. Тркачите на долги патеки исто така се запрашале дали нивниот стил на трчање може да доведе до прерана смрт поради исцрпеност на организмот.
По анализата на податоците, научниците откриле дека секој дополнителен час трчање додава часови на живот. Дошле и до сознанието дека доколку човек кој претходно не трчал, смртноста ќе се намали за 16%, а можноста за срцев удар за 25%. Подобрување на здравствената состојба беше особено видливо кај оние кои трчаа околу 4 часа неделно.
Се покажало дека и други форми на вежбање се добри за здравјето. Така, пешачењето и возењето велосипед можат да го намалат ризикот од прерана смрт за 12%. Научниците сè уште не можат со сигурност да кажат зошто трчањето е добро за продолжување на животот. д-р. Ли верува дека вежбањето може да се бори против заедничките фактори на ризик за прерана смрт, како што се високиот крвен притисок и телесните масти, особено оние што се акумулираат во пределот на стомакот.
Сепак, научниците нагласуваат дека нема да станеме бесмртни ако трчаме и дека трчањето не може да ни донесе повеќе од три дополнителни години живот.