Еден дебитант меѓу 28-те повикани фудбалери за двете пријателски во Анталија

Филип Здравески
/ 14.03.2024 / 13:24

Македонија месецов ќе одигра два пријателски натпревара, против Молдавија и Црна Гора, во турскиот крајбрежен град Анталија. Селекторот Благоја Милевски за таа прилика повика 28 играчи, меѓу кои едно ново име.

Единственото ново име на списокот е Лирим Ќамили, роден и израснат во Данска чие потекло е од Македонија и игра во истиот клуб (Хвидоре) со Ахмед Иљазовски. Играл за младата репрезентација на Албанија, но реши да се префрли бидејќи сега има 25 години и Албанија не смета на него. Милевски сака да го тестира.

„Со нетрпение го очекуваме новиот собир по подолга пауза од последниот натпревар од квалификациите за ЕУРО 2024. Во Турција ќе патуваат 28 фудбалери. Сметам дека нема причина за некои поголеми промени. Остануваме со верба во играчите кои ги одиграа последните квалификации, со тоа што за прв пат го повикавме Лирим Ќамили од дански Хвидовре. Се работи за офанзивен фудбалер кој има континуитет на добри игри во својот клуб и сакаме да го видиме во репрезентативната средина“, рече селекторот Милевски, пренесува ФФМ.

Нема големи промени во составот. Повратници се голманот Илиев, дефанзивците Зајков и Велковски, како и играчот од средниот ред Здравковски. Поради повреда го нема Исник Алими, додека Аријан Адеми замина во репрезентативна пензија. Од домашната лига повикан е единствено резервниот голман Алексовски.

Столе Димитриевски – Рајо Ваљекано (Шпанија)
Дамјан Шишковски – Арарат (Ерменија)
Игор Алексовски – Работнички
Дејан Илиев – Сарајево (Босна и Херцеговина)

Висар Муслиу – Падерборн (Германија)
Тодор Тодороски – Поли Јаши (Романија)
Никола Серафимов – Фехервар (Унгарија)
Јован Манев – Адана Демирспор (Турција)
Езѓан Алиоски – Ал Ахли (Саудиска Арабија)
Бојан Димоски – Акрон (Русија)
Ахмед Иљазовски – Хвидовре (Данска)
Стефан Ашковски – Алашкерт (Ерменија)
Ѓоко Зајков – Крајова (Романија)
Дарко Велковски – Динамо (Романија)

Енис Барди – Трабзонспор (Турција)
Јани Атанасов – Краковија (Полска)
Агон Елези – Бохум (Германија)
Давид Бабунски – Мезекевешд (Унгарија)
Тихомир Костадинов – Пјаст (Полска)
Давор Здравковски – Мадервел (Шкотска)
Елиф Елмас – РБ Лајпциг (Германија)

Бојан Миовски – Абердин (Шкотска)
Милан Ристовски – Бохемианс 1905 (Чешка)
Дарко Чурлинов – Шалке 04 (Германија)
Александар Трајковски – Хајдук (Хрватска)
Димитар Митровски – Вараждин (Хрватска)
Ердон Даци – Беверен (Белгија)
Лирим Ќамили – Хвидовре (Данска)

Собирот на репрезентацијата е в понеделник на 18-ти, директно во Анталија. Македонија најпрво ќе се соочи со Молдавија во петок на 22 март во 15:30 часот. Четири дена подоцна, на 26 март (вторник) „Рисовите“ ќе играат со Црна Гора со почеток во 18:00 часот. Двата натпревара ќе се играат на стадионот „Мардан“.

„Натпреварите против Молдавија и Црна Гора ни се многу важни во подготовките за следните квалификации, со посебен акцент на зајакнување на добрата атмосфера и заедништво. Треба да бидеме подготвени и полни со мотив, иако се работи за пријателски натпревари. На тренинзите и натпреварите треба да влеземе сериозно, одговорно и цврсто. Тоа ќе го барам од сите во тимот. Фокусот ќе биде на тактичките замисли и како треба да изгледаме во Лигата на нации, а тоа значи игра во која ќе бидеме рационални, паметни, агресивни, компактни и фокусирани“, додаде Милевски.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе