Свет

Еден македонски државјанин повреден во нападите во Барселона

18. август 2017 - 8:51 | Макфакс

МНР извести дека во согласност со комуникацијата остварена со надлежните служби, македонската амбасада во Шпанија дошла до информација дека еден македонски државјанин во моментот се наоѓа во болница во Барселона.

Лицето во моментот на извршување на нападот се наоѓало во непосредна близина и се здобило со скршеница на зглобот на ногата. Се наоѓа вон животна опасност и е третиран од страна на шпанските медицински служби.

Претставник од македонската амбасада во текот на ноќта се упати кон болницата каде што се наоѓа повредениот македонски државјанин.

Коментирај