Еден загинат и осум повредени во сообраќајка кај Струмица

Во тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа во 18:45 часот на магистралниот пат Струмица-Радовиш, пред крстосницата за селото Василево, загина 34-годишниот С.Г. од село Градашорци. Потешко се повредени три лица, додека со полесни повреди се здобиле петмина.

Во денешниот билтен полицијата информира дека во сообраќајката учествувале автомобил Opel Astra, со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а управувано од Е.С.(55) од Скопје, во кое имало 11 мигранти од Пакистан, патничко возило Volkswagen Passat, управувано од С.Г. (34), со сопатник С.Г. (57), и двајцата од село Градашорци, Струмичко и патничко возило Audi, управувано од Д.К. од Скопје, со тројца сопатници.

Началникот на Хируршкото одделение при струмичката болница, Гошко Гошев изјави за МИА дека на лекување биле донесени повеќе лица, од кои најтешко повреден бил еден мигрант кој е пренесен на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.

– Денес во Скопје треба да биде пренесен и возачот кој ги превезувал мигрантите, а потешко е повредена и сопатничката од автомобилот на загинатиот. На сите примени пациенти им е укажана соодветна лекарска помош и нега и е постапено според протоколите за COVID-19, рече доктор Гошев.

Според очевидци, автомобилот Opel Astra во кој имало мигранти, се движел со голема брзина. Бегајќи од полицијата најпрвин удрил во автомобилот Passat потоа во Audi-то, кое поминало без поголеми последици, и педесетина метри потоа излетал од патот и се забил во ѕид.

Дел од повредените бил извлечени со помош на пожарникари од ТППЕ Струмица, кои користеле специјални хидраулични алатки.

Увид на лице место извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Хроника

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Read more

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Read more

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Read more

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе