Една промена на стапалата може да биде знак за срцева слабост

Срцето е еден од најважните органи, па затоа е важно да се внимава на симптомите кои би можеле да укажуваат на болести на кардиоваскуларниот систем.

Лекарите предупредуваат дека промената на стапалата може да биде знак дека имате срцева слабост, поради што треба што поскоро да посетите лекар.

Срцето е витален орган одговорен за пумпање крв низ телото, па затоа е од клучно значење да биде во совршена работна состојба бидејќи последиците може да бидат фатални. Кардиоваскуларните болести се едни од најголемите „убијци“ во светот, а според Британската фондација за срце, повеќе од милион луѓе во Обединетото Кралство живеат со срцева слабост.

Националната здравствена служба секојдневно едуцира за симптомите на срцеви заболувања, вклучително и болка во градите. Сепак, постојат многу други помалку познати знаци за кои, ако сме свесни, би можеле да ни го спасат животот, вклучително и отечени стапала.

Професорот Дејвид Њуби од Британската фондација за срце при Универзитетот во Единбург, истакнува дека посебно внимание треба да посветуваме на зглобовите.

„Промените во стапалата не треба да се игнорираат, особено ако зглобовите се значително отечени, бидејќи тоа може да биде знак за срцева слабост“, вели Њуби.

Тој исто така истакнува дека многу често има многу други причини, како што се лековите за крвен притисок. Сепак, важно е да се знае дека оток може да се појави и на други делови од телото, што исто така може да предупреди за срцева слабост.

Така, хроничната срцева слабост може да предизвика и оток во пределот на стомакот. Оваа состојба може да предизвика и акумулација на течност во белите дробови, позната како пулмонален едем и може да доведе до отежнато дишење.

Како што објаснува професорот Њуби, отечените делови од телото можат да бидат предизвикани од предолго седење, јадење голема количина солена храна, предменструација и бременост. Покрај тоа, тоа е исто така несакан ефект на лекови за крвен притисок, нестероидни антиинфламаторни лекови, стероиди и дијабетес.

Затоа, најдобро би било да проверите за други симптоми на срцеви заболувања, како што се: болка во градите, потење, болка во раката, ногата, вилицата или грбот, потење, болки во стомакот, чувство на задушување, екстремен замор и неправилно чукање на срцето.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе