Една промена во планот за слабеење може да го забрза губењето килограми

Намалувањето на внесот на храна може да биде корисно за губењето на тежината, но за да добиете уште повеќе придобивки, истражувачите сугерираат дека можете да примените дополнителни чекори.

Во истражување објавено во списанието Nutrition, истражувачите испитале 227 возрасни лица кои побарале медицинска интервенција за губење на тежината и им било препорачано да следат еден од предложените три пристапи.

По следењето на една од диетите, 154 учесници се префрлиле на втората диетална интервенција, а потоа и на третата. За време на повремената диета, која исто така се нарекува и временски ограничена диета, тие продолжиле да се држат до планот со низок внес на јагленихидрати и висок внес на масти.

Околу 78% од пациентите изгубиле околу 5% од телесната тежина по едната диета, а немало разлика во количината на губење на тежината постигната во зависност од видот на диетата. Меѓутоа, оние кои по ред ги направиле трите предложени плана, изгубиле речиси двојно повеќе, што укажува на тоа дека промената на стратегијата за слабеење може поефикасно да ве доведе до вашите цели.

„Останувањето на иста диета може да биде предизвик и често е причина луѓето да престанат да го прават тоа“, вели д-р Ребека Кристенсен од Универзитетот во Торонто.

Затоа е охрабрувачки да се види дека последователните диети можат да имаат ефект. Можеби за многумина е полесно да се префрлат на нова диета отколку да се држат до еден долгорочен план.

Во овој поглед, посочува дека оние кои изгубиле само 5% од телесната тежина, продолжиле да добиваат големи придобивки по нивното здравје. Ова е затоа што оваа скромна количина е поврзана со подобрувања во кардиометаболната функција во минатото истражување.

Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) известуваат дека губењето на 5 до 10% од вкупната телесна тежина може да помогне во регулирањето на крвниот притисок и шеќерот во крвта, а може да го намали и холестеролот. Ова е точно дури и ако останете во категоријата прекумерна тежина или дебелина, додава ЦДЦ, и одржувањето на тоа губење тежина со текот на времето може да продолжи да дава придобивки како што се подобро ниво на енергија, поголема физичка подвижност, подобрување на расположението и поголема самодоверба.

„Замислете го ова како различни алатки од кои можете да изберете кога одлучувате за диета. Не мора да избирате само еден план и да се придржувате до него“, додава д-р Кристенсен.

реклама

Кинески хороскоп за мај: Детална астро анализа за сите знаци

Read more

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Запален домот на Александар Пандов: Нема да нè запрат и нема да нè поколебаат

Read more

Учесниците на Евровизија не смеат да веат ЛГБТ знамиња

Read more

Здравје

Кое месо не треба да се најде на вашата скара за Први мај?

Read more

Зошто има толку голем раст на заболени од рак на дебело црево меѓу младите?

Read more

5 симптоми на мозочен удар кај жените кои лесно се занемаруваат

Read more

9 совети за намалување на холестеролот преку исхрана

Read more
 

Магазин

Голем хороскоп за мај: Што го очекува вашиот знак?

Читај повеќе

Кое месо не треба да се најде на вашата скара за Први мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како ефикасно да ја хидрирате косата и да го вратите сјајот?

Читај повеќе

Зошто има толку голем раст на заболени од рак на дебело црево меѓу младите?

Читај повеќе

Дали сте подготвени да влезете во нова врска?

Читај повеќе

5 симптоми на мозочен удар кај жените кои лесно се занемаруваат

Читај повеќе
  • filter

Свадби, матурски, апсолвентски: Како да бидете маж со стил оваа пролет?

Читај повеќе

Кинески хороскоп за мај: Детална астро анализа за сите знаци

Читај повеќе

4 цитати од Виктор Франкл ќе ви помогнат да пронајдете смисла

Читај повеќе