Подгответе едноставни и вкусни мафини од само три состојки
Потребни состојки:
2 банани
4 јајца
36 исчистени цреши
За декорација :
50 гр чоколадо за готвење
2 лажици масло за јадење
Подготовка:
- Бананите ги лупиме и пасираме со вилушка.
- Во испасираната смеса ги додаваме јајцата и рачно ги матиме.
- Калапот за мафини го набрашнуваме и во секој калап додаваме по три исчистени цреши (по желба може и друго овошје ).
- Секој калап го надополнуваме со смесата од банани и јајца.
- Го протресуваме калапот и печеме во загреана рерна 190 степени 12 минути.
- За декорација на оган ја топиме чоколадата и додаваме масло за јадење и ги поливаме изладените мафини.