Египет гради нов главен град: Каиро почна да станува грд

Билборди кои ветуваат нов начин на живот се појавија насекаде покрај прометните коловози на низ центарот на Каиро. Еден од нив ги повикува жителите на главниот град на Египет да „почнат да дишат“. Сето ова е дел од кампањата на египетската влада за градење на нов главен град.

Ветувањето за избегнување на загадениот, пренаселен Каиро, е фетиш кој можат да си го дозволат само оние од повисоките класи, а тоа станува јасно со билбордите на агенцијата за недвижности Entrada, на кои пишува „Добредојдовте во елитното општество“.

Новиот главен град на Египет веќе почна да се гради на 40 километри од Каиро, а тој ќе се протега на 700 километри квадратни, што го прави голем скоро колку Сингапур. Новиот град ќе биде дом на 5 милиони луѓе, што е четвртина од моменталната полулација на Каиро. Планот покажува дека таму ќе бидат изградени висококатници, трговски центри и деловни објекти, како и „владин комплекс“ во кој би требало да се наоѓаат седиштето на владата и собранието на Египет. Сите овие градби ќе бидат сместени околу централна „зелена река“, која претставува комбинација од водна површина и зеленило двојно поголемо од Central Park во Њујорк.

Овој проект би требало да ги отстрани најголемите проблеми на Каиро, како пренаселеноста и загадувањето, и да отвори нова иднина за Египет. Повеќето владини објекти, меѓу кои и седиштето на претседателот Абдел Фатах ал-Сиси, ќе се преселат во новиот град веќе од јуни 2019 година. Амбасадите на повеќето држави исто така покажаа намера да се преселат во новиот главен град, а деловните објекти ќе бидат сместени во подрачје од градот каде ќе бидат изградени 20 висококатници. Но, што ќе се случи со Каиро?

Ако владините планови успеат, тогаш во Каиро би требало да останат голем број комплекси со празни згради, сите под сопственост на групацијата која го гради новиот главен град. Групацијата нема план што ќе прави со нив, па веројатно решението ќе биде пронајдено откако ќе биде направено преселувањето во новиот град. За владата оваа преселба ќе значи нов старт, но сепак главната финансиска моќ на државата и понатаму ќе биде Каиро.

„Каиро повеќе не е добар за луѓето од Египет. Има сообраќаен метеж на секоја улица, инфраструктурата не може да ја поднесе растечката популација и е пренатрупано. Бидејќи тој не беше одржуван според однапред одреден план, Каиро почна да станува грд“, вели Калид Ел-Хусеини, владин претставник кој го надгледува проектот.

Буџетот за изградба на новиот главен град на Каиро останува непознат. Владата не даде официјални бројки за чинењето на целосната изградба на новиот град, а како официјална информација околу овој проект беше споменат само заемот кој владата го зема од Меѓународниот монетарен фонд во вредност од 12 милијарди американски долари.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе