ЕК: Ако автобусот на Беса Транс немал лиценца преминувањето граници можеби било нелегално

Според правилата на Европската Унија, доколку автобусот на „Беса транс“ кој имаше несреќа во Бугарија во која загинаа 45 македонски патници, немал валидна лиценца за превезување патници, тој не би смеел да премине граница на Европската Унија, во случајов Бугарија.

Законодавството на ЕУ предвидува низа правила за лиценци и дозволи за превоз и од оваа институција, според информациите што ги доби МИА, не е исклучено тие да биле прекршени, но Европската Комисија не се меша во истрагата.

Одговорноста за надзор и проверка на документацијата и спроведувањето на законите на ЕУ е во рацете на земјите членки на Унијата.

Доколку се утврди во истрага дека превозникот патувал со нелегална или фалсификувана лиценца, може да се очекува Европската Комисија да осуди ваква пракса која не само што е закана за „слободната конкурентност во ЕУ“, туку претставува загрозување на животите на патниците.

Пред неколку дена македонските власти соопштија дека кобниот автобус го нема во базата на податоци на Министерството за транспорт и врски и не е пријавено. Царината порача дека се истражува кој го пропуштил возилото без валидна дозвола.

Според правилата на ЕУ, лиценца не би смеело автобусот да добил од Бугарија, бидејќи европското законодавство не дозволува издавање на лиценци на оператори чии возила се регистрирани надвор од земјите членки на ЕУ.

ЕУ, Турција и Северна Македонија се исто така потписници на мултилатералниот „Интербус Договор“, но согласно текстот на овој договор не предвидува да дозволи никаква трговија со лиценци, објаснуваат експерти од Европската Комисија за МИА.

Бугарија не смее да дава ЕУ лиценца на оператори од трети земји, а со тоа ниту да издава свои дозволи за патувања во рамките на Интербус на возила регистрирани во трети земји, односно вон ЕУ.

Што се однесува до веста дека „Беса транс“ имала седиште во Ќустендил заедно со 23 други македонски компании на адреса во која живее постара жена, како што јавија бугарските медиуми на денот на несреќата, тука правилата на ЕУ се тие на Пакетот за мобилност 1.

Според оваа законска рамка Европската Комисија може да побара од земја членка на ЕУ да спроведе индивидуални контроли за да провери дали претпријатието ги исполнува условите за дозвола за етаблирање на патни превозници, вклучително тука и условот кој предвидува „стабилно и ефективно етаблирање“ на одредена адреса. Односно да се утврди дали навистина компанијата е етаблирана на таа адреса.

Вакви нелегални пракси не се невидени во ЕУ, поради што Европската Унија го усвои токму тој Пакет за мобилност, чии нови правила ќе стапат  во сила од почетокот на 2022. Овие нови правила предвидуваат зајакнување на одредбите за „стабилно етаблирање“ и ги зајакнуваат критериумите.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе