Неодамна Мадона ги шокира обожавателите со чуден, нов изглед кој се чини дека е резултат од пластични операции и козметички зафати.

Експерти, кои им помагаат на клиентите да го одржат младешкиот изглед, зборуваат за тоа што веројатно Мадона има направено на лицето.
„Изгледа како да подрани Ноќта на вештерките. Сега Мадона има претеран V облик на лицето, вели пластичниот хирург Рамтин Касир.
Доктор Ехсан Али, извршен директор на клиника, верува дека Мадона има направено неколку зафати.
„Кога прв пат ја видов објавата, како и многу други, и јас бев изненаден од изгледот на пејачката“, вели тој.
Верува дека отишла на операција за да ја постигне новата естетика.
„Сигурно имала фејслифтинг. Може да забележите како кожата е повлечена и затегната, без опуштена кожа и брчки. Лифтингот исто така го менува обликот на вашите очи, тоа може да го забележите. Нејзините очи изгледаат „затегнати наназад“, вели тој.
Напомнува дека пејачката веројатно имала ринопластика (носот изгледа претенко со шилест врв). Додава дека добила и ботокс – токсин кој се користи за намалување на брчките на неколку подрачја на лицето.
Доктор Али верува дека образите се поистакнати, што е резултат на филери, а со него се согласува и доктор Касир кој додава дека образите се премногу високо.
Уште еден зафат поради кој Мадона изгледа неприродно е можниот хируршки зафат на веѓите.
Доктор Каси се согласува дека оваа постапка е воочлива поради косата која изгледа како да е поместена „наназад“.