Ел Класико за заборав, Рамос повторно го спаси Реал

Барселона и Реал одиграа 1:1 (0:0), во најголемото шпанско дерби и едно од најголемите во фудбалскиот свет. Дербито понуди малку од убавината на фудбалската игра, а бод на Реал му обезбеди Серхио Рамос во последната минута.
 
 
Барселона и Реал го одиграа 232-то дерби, 163-то во Примера, кое заврши без победник. Инаку ова беше 48-то реми, 33-то во првенството, во меѓусебните дуели во кои Реал е поуспешен (93:89), додека само во Примера тој скор изнесува 72:68.
 
Дербито кое со нетрпение го очекуваа фудбалските вљубеници не понуди ништо по што ќе биде запаметен. Здодевно прво полувреме, во кое двата тима немаа конкретна закана кон голманите Тер Штеген и Кејлор Навас.
 
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=Sq1BePpWmbA]

 

Безидејно и здодевно делуваа тимовите и во вториот дел се до 58. минута кога Барселона речиси од ништо постигна гол.
 
Слободен удар изведе Нејмар, во срцето на петерецот Лукас Васкез го остави сам Луис Суарез кој со глава го совлада Навас.
 
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=sVnpET78l7s]

 

По голот и влегувањето на Иниеста, Барселона беше многу поконкретна, а таквата игра не ја претвори во победа бидејќи Нејмар и Меси пропашија две чисти шанси.
 
Бразилецот во 68. минута со брилијантен потег го исфрли Карвахал од игра, си создаде зицер ситуација, но шутираше над голот.
 
Меси во 81. минута доби идеална топка од Иниеста, но неговиот удар заврши крај голот.
 
Првата вистинска шанса Реал ја имаше во 88. минута, но ударот на Роналдо со глава, Жорди Алба го изблокира.
 
Реал израмни во 90. минута преку Серхио Рамос, кој центаршутот на Модриќ го претвори во гол.
 
По 14. коло Реал ќе остане лидер со 34 бода, а Барселона има шест помалку од големиот ривал. 
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Фудбал

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more
 

Спорт

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе