Авто новости

Електричното Porsche или Tesla – кој побрзо полни батерии?

12. февруари 2020 - 12:00 | А.С.

Tesla Model 3 или Porsche Taycan Turbo? Кој е подобар? Кој се полни побрзо?

Германската компанија за изнајмување електрични возила Nextmove ги тестираше моделите Porsche Taycan Turbo и Tesla Model 3 за да провери кој автомобил се полни побрзо.

Porsche има капацитет од 270 kWh и неговата батерија се наполни од 5 до 80% за 22,5 минути за време на тестот, додека од 1 до 80% се наполни за 21 минута.

Во споредба со Model 3 тоа беше добро време, со оглед на тоа дека електричниот автомобил на Tesla за 29 минути се наполни од 3 до 80% на станица за полнење IONITY. Кога Tesla Model 3 се полнеше на суперполнач од 250 kW, за 24,5 минути се наполни од 0 до 80%.

Nextmove исто така направи споредба колкав домет имаат автомобилите наполнети со овој капацитет, при максимална брзина од 150 км/ч. Па така Tesla помина 550 километри, а Porsche помина 717 километри. Ако Tesla се полнеше преку V3 суперполнач, ќе поминеше 651 километар.

Повеќе за резултатите од тестирањето видете во видеото на Nextmove (говорен јазик е германски, а на видеото има превод на англиски јазик).

Коментирај