ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ 2024

Елмас го потпиша договорот со Лајпциг

Елиф Елмас и официјално е нов играч на Лајпциг. Четвртопласираниот клуб во Бундеслигата за трансферот на македонскиот репрезентативец издвои 25.000.000 евра.

Договорот беше потпишан до јуни 2028 година, а стапува на сила на 1 јануари. Следниот ден Елмас ќе им се придружи на новите соиграчи на мини-подготовки за пролетниот дел од сезоната. Од таборот на Лајпциг објавија дека играчот од средниот ред го одбрал дресот со бројот 6.

„Со трансферот на Елиф Елмас успеавме да затвориме важна позиција во напаѓачката линија од која заминува Емил Форсберг. Го следиме Елмас долго време, тој е многу возбудлив играч кој со себе го носи 'целиот пакет', одлично одговара на потребите на нашиот тим, навистина ни се допаѓаат неговите квалитети и доблести“, изјави Роувен Шредер, спортски директор на Лајпциг.

И Елмас не го криеше задоволството што по Серија А кариерата ќе ја продолжи во германската лига.

„За мене е остварување на сонот што се преселив во Бундеслигата и што ќе играм за Лајпциг. Фудбалската филозофија на клубот е контрапресинг, брзина и офанзивна моќ, што е стил кој совршено ми одговара. Овој тим е добар спој на млади врвни таленти, кои можат да се развиваат овде, и играчи кои долго време се во Лајпциг и носат искуство. Поради сето тоа преселбата во Лајпциг е вистинскиот потег за мене“, истакна Елмас за клупската веб-страница.

Елиф Елмас е роден во Скопје, играше за Работнички од кој се пресели во Фенербахче, а оттаму во 2019 година во Наполи за кој одигра речиси 185 натпревари и постигна 19 голови.

Ќе остане запишан во историјата на Наполи, како дел од тимот кој по 33 години ја врати титулата во градот под Везув.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Фудбал

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе