Елмас останува во Наполи до 2025 година

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас го продолжи договорот со Наполи до 2025 година.

Клубот соопшти дека ги продолжува договорите и со Ди Лоренцо и со Марио Руи.

– Официјално се обновени договорите на Ди Лоренцо, Елмас и Марио Руи до 2025 година, стои во соопштението на клубот.

URL
Клупска кариера

Елмас (р. 1999 година во Скопје) ја почна фудбалската кариера во фудбалската школа Форца Вардар, од каде потоа се пресели во Работнички каде стана професионален фудбалер. Во јули 2017, селекторот на турската репрезентација Фатих Терим се обиде да го наговори Елмас да игра за Турција, но тој одлучи да ја претставува земјата во која што е роден.

Дебитираше за првиот тим на Работнички на 30 септември 2015 на возраст од 16 години и 3 дена, во победата со 4-0 на гостувањето против Гостивар во Купот на Македонија. Неколку дена подоцна, на 4 октомври 2015 дебитираше во Првата лига на Македонија во победата со 2-0 на домашен терен над Металург Скопје. На 10 април 2016, го постигна својот прв погодок во кариерата за „романтичарите“ во победата со 2-0 над Хоризонт Турново на домашен терен. Својата прва сезона во дресот на Работнички ја заврши со 11 настапи и 1 гол.

На 28 јули 2017, Елмас потпиша петгодишен договор со турскиот гигант Фенербахче. Веднаш потоа, турскиот клуб објави дека Елмас ќе го носи дресот со број 21. Своето деби за Фенербахче го направи на 28 јануари 2018, во ремито 1-1 на гостувањето кај Трабзонспор влегувајќи во игра од клупата за резерви на местото на Хасан Али Калдирим во 64-тата минута. Својата прва сезона во клубот ја заврши со 5 настапи во лигата и 2 во купот, без постигнат гол.

На почетокот на сезоната 2018-2019, Елмас го имаше своето деби во Лигата на шампионите, играјќи ги комплетните 90 минути во поразот со 1-0 од Бенфика на 7 август 2018 во третото квалификациско коло од елитното европско натпреварување. Својот прв гол за Фенер го постигна на 16 септември 2018, во победата со 1-0 на гостувањето кај Конијаспор, откако само 6 минути претходно влезе во игра од клупата за резерви.

На 24 јули 2019 година, Елмас се пресели во италијанскиот Наполи за обештетување од 16 милиони евра плус бонуси, потпишувајќи петодишен договор со партенопеите. Своето деби за клубот го направи на 24 август во победата со 4-3 на гостувањето кај Фјорентина, влегувајќи во игра од клупата за резерви на местото на Алан во 72-рата минута од натпреварот.

Репрезентативна кариера

Елмас ја претставувал македонската репрезентација во категориите под 16, под, 17, под 18, под 19 и под 21 година. Своето деби за сениорската репрезентација го направи на 11 јуни 2017 во поразот со 1-2 од Шпанија во Скопје во квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2018, влегувајќи во игра на местото на Остоја Степановиќ во 46-тата минута. Неколку дена подоцна, тој беше повикан во составот на македонската репрезентација под 21 година за Европското првенство под 21 година во Полска и бил најмладиот играч во составот. Играше во сите три натпревари од групната фаза, по која Македонија го заврши учеството на турнирот со едно реми и два порази.

На 2 септември 2017, го направи својот втор настап за сениорската репрезентација во победата со 1-0 на гостувањето кај Израел во Хаифа, исто така во квалификациите за Светското првенство 2018. Своите први голови (два) за македонската сениорска репрезентација ги постигна во победата со 3-1 над Латвија во Скопје во квалификациите за Европското првенство 2020.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе