ЕМА в четврток ќе се произнесе за AstraZeneca, засега препорачува да продолжи вакцинацијата

Европската агенција за лекови, ЕМА, попладнево одржа прес-конференција за да ги информира медиумите за процесот на проценка на вакцината на AstraZeneca. Конечен заклучок ќе донесе в четврток, јави дописничката на МИА од Брисел.

Имер Кук, извршната директорка на ЕМА, изјави дека за сега се препорачува да се продолжи со вакцинација со AstraZeneca и покрај тоа што сѐ повеќе земји во ЕУ го суспендираа процесот додека не се разјасни точно дали вакцината е опасна по здравјето на луѓето.

Неколку земји на ЕУ пријавија случаи на тромбоза по вакцинирање со AstraZeneca, оттогаш во повеќе земји е суспендиран процесот сѐ додека ЕМА не даде конечен научен заклучок.

Кук изјави дека ова бара ригорозна анализа од страна на експертите во агенцијата за да може да се одреди дали случаите на тромбоза се предизвикани од вакцината или станува збор за коинциденции.

Според Кук, засега бројките не покажуваат поголем број на тромбоза кај вакцинираните лица отколку во целокупното население, но ситуацијата е доволна алармантна за да се свикаат експертски состаноци.

-Интересот беше стимулиран од дополнителните пријави и ги проценуваме случај по случај, експертите повторно денеска се состануваат, и во четврток свикавме ад хок состанок за да ги процениме пријавите што стигаат од земјите-членки, изјави директорката на ЕМА.

Сепак ЕМА за сега останува на ставот дека бенефитите се поголеми од ризиците и глобалната криза предизвикана од COVID-19 и дека вакцината помага да се заштити населението, посебно најранливите групи.

-Не сакам да шпекулирам за финалниот заклучок, приоритет е да се обезбеди вакцинацијата да продолжи на безбеден начин, рече Кук, но додаде дека не е исклучено конечниот заклучок да препорача посебни предупредувања за вакцината.

Сѐ ќе зависи од исходот на експертскиот состанок, сите опции се на маса, рече таа, и нагласи дека во секој случај препораките ќе бидат засновани на научно мислење. Таа отфрли секаква политизација на ова прашање.

Агенцијата за лекови е свесна дека е поткопана во голем дел и довербата на граѓаните во оваа вакцина, и ќе го има и тоа предвид. Приоритет за ЕМА е безбедноста на вакцината и довербата на граѓаните.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Свет

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе