Ентони Бордејн: Три совети за совршен бургер
Светски познатиот готвач Ентони Бордејн го дава своето мислење за класичниот бургер, односно, што е она што го прави еден бургер совршен.
Тој вели дека балансот меѓу месото и другите состојки е важен, како и состојбата на секој елемент што го сочинува бугерот: да е доволно свеж, да не е премногу мрсен ниту пак сув. Но она што според него го прави еден бургер добар се основните состојки што го сочинуваат бургерот кои треба да се едноставни и квалитетни, а сето она што е плус, можеби е вишок.