Епидемија на мали сипаници во Гази Баба

Комисијата за заразни болести во Министерството за здравство прогласи ограничена епидемија на морбили на територијата на општина Гази Баба.

Пет лица со клиничка симптоматологија на морбили се примени на Клиниката за инфективни болести и докажано е дека станува збор за морбили со серолошка специфична реакција.

Од Комисијата информираат пациентите се во стабилна и добра општа состојба.

Министерството за здравство во соработка со Центар за јавно здравје Скопје и Институтот за јавно здравје презема активности меѓу кои вакцинација на сите лица на возраст од 6 месеци до 60 години, доколку не се вакцинирани или не се потполно вакцинирани на територијата на општина Гази Баба во областа „Кванташка депонија”.

Центарот за јавно здравје Скопје и Институтот за јавно здравје ќе спроведат засилен епидемиолошки надзор, проверка на вакциналниот статус и стручно методолошка помош на превентивните тимови за имунизација на целата територија на Град Скопје. Се подготвуваат и информативни флаери за морбили до матични лекари, градинки и училишта и истите ќе бидат поставени на своите веб страни .

Од Комисијата препорачуваат дека во болничките здравствени установи потребно е почитување на режимот за посетата, согласно интерните одлуки на здравствената установа, интензивирање на мерките за спречување интрахоспитално ширење на болеста и зајакнување на општите профилактички мерки за дезинфекција и проветрување во воспитно образовни установи и установи за згрижување деца.

реклама

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Read more
 

Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе