Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека промените во Уставот на земјата не го прават диктатор. Во интервју за CNN од резиденцијата во Анкара тој појасни дека резултатите од успешниот референдум нема да го стават на ниво на вечен раководител.
„Јас сум смртен, можам да починам во секој момент”, истакнал Ердоган во интервјуто.
Според него, спроведувањето на уставните реформи не е чекор кон диктатура.
„Таму каде што постои диктатура, не е неопходно да има претседателска форма на управување”, појасни шефот на државата.
Коментирајќи ја малата предност, Ердоган изјави дека „не е важно со каков резултат победил – дали со 1: 0 или со 5: 0. Крајната цел е да победиш“.