Проширувањето на НАТО среде најголемата закана на Европа по Втората светска војна изгледа малку веројатно бидејќи турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го повтори ставот за противење на членството на Шведска и Финска во НАТО.
Ердоган во изминатите неколку дена сугерираше дека може да им создаде проблеми на Стокхолм и на Хелсинки додека се обидуваат да му се придружат на НАТО сојузот.
Но, денешните коментари на турскиот претседател беа поконкретни во таа смисла. Во разговор со група млади Турци во видео објавено на Twitter, Ердоган ги обвини Шведска и Финска дека се „дом за терористи“, коментар што упатува на негово лично незадоволство од нивното одбивање да екстрадираат поединци кои Турција ги сметала за „терористи“.
„НАТО е безбедносна организација, не можеме да прифатиме присутност на терористички организации во неа“, изјави Ердоган според преводот на турските медиуми.