Ереван и Баку договорија примирје

Благодарение на меѓународните напори Ерменија и Азербејџан постигнаа договор за прекин на огнот што стапи на сила од синоќа во 20 часот по локално време, изјави денеска секретарот на ерменскиот совет за безбедност Армен Григорјан.

– Благодарение на напорите на меѓународната заедница, се договоривме за прекин на огнот со Азербејџан од 20 часот на 14 септември, рече Григорјан во интервју за ерменската телевизија, пренесе ТАСС.

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе се собере на уште една средба во врска со неодамнешната ескалација на ситуацијата на ерменско-азербејџанската граница, соопштија ОН.

Средбата ќе се одржи на барање на Ерменија, а Советот за безбедност на ОН вчера на консултациите зад затворени врати расправаше за ситуацијата на границата меѓу овие две земји, додека денешната седница ќе биде отворена за јавноста.

Ерменија и Азербејџан, кои со децении се борат за Нагорно-Карабах, меѓусебно се обвинуваат дека доцна вечерта на 12 септември почнале серија гранични судири.

Според ерменскиот премиер Никол Пашинјан, во овие судири загинале 105 ерменски војници, додека азербејџанското Министерство за одбрана јави за 50 убиени азербејџански војници, јави ТАСС.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Свет

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Read more
 

Вести

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе