Ерменија пред Меѓународниот суд на правдата го обвини Азербејџан за етничко чистење

Претставникот на Ерменија, Јегише Киракосјан, им кажа на судиите во Меѓународниот суд на правдата (МСП) дека блокадата на спорниот регион Нагорно-Карабах од соседен Азербејџан е осмислена да овозможи „етничко чистење“.

Коридорот Лачин е единствената рута преку која Ерменија може да снабдува храна, гориво и лекови до Нагорно-Карабах, регион меѓународно признат како дел од Азербејџан, но и дом на околу 120.000 етнички Ерменци кои го нарекуваат Арцах и во 1991 де факто го прогласија за независна држава.

Коридорот е блокиран од 12 декември, кога демонстрантите кои тврдеа дека се еколошки активисти го запреа сообраќајот со поставување шатори. Азербејџан негира каква било блокада, велејќи дека активистите организираат легитимен протест против нелегалните рударски активности.

Сослушувањето пред Меѓународниот суд на правдата беше свикано за да се сослуша барањето на Ерменија судот да му нареди на Азербејџан да ја укине блокадата.

Претставникот на Ерменија, Јегише Киракосјан, изјави пред судот дека блокадата доведе до рационализација на храна и намалени резерви на лекови во Нагорно-Карабах, додека азербејџанските власти рекоа дека етничките Ерменци можат слободно да си заминат.

„Ваквите бесрамни акти на етничко чистење немаат место во модерната ера, а овој суд е последната надеж за етничките Ерменци во Нагорно-Карабах“, рече Киракосјан.

„Ништо помалку од целосното укинување на блокадата и непреченото продолжување на обезбедувањето јавни услуги нема да им донесе олеснување на жртвите на оваа сурова и непотребна блокада“, изјави пред судот Константинос Салонидис, адвокат од Ерменија.

Нагорно-Карабах со децении е фокусна точка меѓу двата соседа од Јужен Кавказ.

Расправата во Меѓународниот суд на правдата е дел од поширокиот случај покренат од Ерменија во 2020 година, во кој се тврди дека Азербејџан ја прекршил Конвенцијата против расна дискриминација. Баку поднесе противтужба, тврдејќи дека Ерменија, а не Азербејџан, ја прекршува конвенцијата за дискриминација.

Меѓународниот суд на правдата денеска ќе го сослуша и барањето на Азербејџан, судот да ѝ наложи на Ерменија да престане да поставува мини на териториите што некогаш ги окупираше.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Свет

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Read more
 

Вести

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе