И покрај тоа што неговата Ерменија влезе во ждрепката од првиот барабан, а Македонија од третиот, селекторот на ерменската репрезентација, Украинецот Олександр Петраков, смета дека „Рисовите“ се фаворити за освојување на групата.
„Интересна е групата. Немаме играно со Фарските Острови. Знам дека имаат стадион со вештачка трева, на кој е тешко да се игра. Игравме против Македонија. Имаат многу добар тим. Одиграа доста добри и квалитетни натпревари во квалификациите за ЕУРО 2024“, вели Петраков, пренесува MacedonianFootball.com.
„Латвија е незгодна репрезентација со нов италијански селектор. За мене е добра можност да се реванширам за болниот пораз од Латвија. Можам да кажам дека во моментов нема слаби селекции и дефинитивно ќе бидеме сведоци на добри натпревари во претстојната Лига на нации. Мислам дека Македонија е фаворит во нашата група“, заврши Петраков со анализата на противниците на Ерменија.
Ерменија е противник со кој Македонија има одиграно убедливо нјамногу натпревари во својата историја, дури 13, а со новите два таа бројка ќе се зголеми за две - на 15.
Според распоредот што го објави УЕФА, на 10 септември Ерменија доаѓа во Скопје, додека реваншот е на 13 октонври.
Победи Македонија: 6
Нерешени: 3
Победи Ерменија: 4
Гол-разлика: 23:18 (во корист на Македонија)
10.05.1995 2:2 ЕУРО 1996 квалификации
06.09.1995 1:2 ЕУРО 1996 квалификации
18.08.2004 3:0 СП 2006 квалификации
04.06.2005 2:1 СП 2006 квалификации
07.09.2010 2:2 ЕУРО 2012 квалификации
07.10.2011 1:4 ЕУРО 2012 квалификации
09.09.2018 2:0 Лига на нации 2018/2019
16.10.2018 0:4 Лига на нации 2018/2019
05.09.2020 2:1 Лига на нации 2020/2021
18.11.2020 0:1 Лига на нации 2020/2021
02.09.2021 0:0 СП 2022 квалификации
11.11.2021 5:0 СП 2022 квалификации
17.10.2023 3:1 пријателска