Вулканот на јапонскиот остров Кучиноерабу се активира, соопшти Метеоролошката агенција на Јапонија, но засега нема информации за евентуални жртви.
Во ерупцијата летале камења на растојание 300 метри од кратерот на планината Шинтаке, но не е издадена наредба за евакуација на населението.
Жителите на островот, околу стотина, се предупредени да не се приближуваат повеќе од два километра до вулканот.
Тоа е прва ерупција по 2 февруари минатата година на тој остров, кој е со површина од 36 квадратни километри.
Во мај 2015 година сите жители на островот Кучиноерабу биле евакуирани поради експлозивни ерупции на вулканот.