Есенска бомба за имунитет: Чорба од спанаќ и морско оревче

Едноставна и здрава чорба што ќе ве згрее и ќе ви помогне да го подобрите имунитетот.

Спанаќот е растение кое е многу богато со вода. Тоа има многу ниска калорична вредност, 2,2 % протеини, 3,9 % јаглехидрати и 0,5 % масти'. Спанаќот содржи:

  • Фолна киселина – 50% од дневно препорачаната доза по оброк
  • Витамин А-60% од дневно препорачаната доза по оброк
  • Витамин Ц-35% од дневно препорачаната доза по оброк
  • Железо-20% од дневно препорачаната доза по оброк
  • Магнезиум-20% од дневно препорачаната доза по оброк
  • Рибофлавин-15% од дневно препорачаната доза по оброк
  • Калциум-10% од дневно препорачаната доза по оброк
  • Калиум-15% од дневно препорачаната доза по оброк
  • Витамин Б6-15% од дневно препорачаната доза по оброк
  • Витамин Е-15% од дневно препорачаната доза по оброк
За што е добар спанаќот?

Спанаќот го подобрува работењето на срцето и функцијата на мускулите. Тој го потикнува функционирањето на панкреасот, а влијае врз намалување на крвниот притисок, со што го олеснува работењето на срцето и бубрезите. Спанаќот е вистински детоксикант за организмот го чисти токсините и ги буди сите забавени метаболички процеси. Спанаќот исто така влијае во јакнење на влакната на косата, јакнење на ноктите, а ја чува и одржува виталноста на кожата. Спанаќот го чува здравјето на нервниот систем, но исто така го засилува и чува имуниот систем, благодарејќи на високите количества на витамини кои ги содржи. Огромната количина на фолна киселина јасно укажува дека спанаќот треба да го јадат анемичните лица и бремените жени, спанаќот содржи и многу железо, па поради ова тој е делотворен без разлика за каква анемија се работи.

На што треба да се внимава?

Спанаќот се јаде веднаш по приготвувањето , еднаш подготвен спанаќ не смее повторно да се подгрева. Не користете многу вода додека го готвите спанаќот, за да го зачувате неговиот квалитетен нутритивен статус.

Чорба со спанаќ и морско оревче

Состојки:

- 950 мл вода

- 450 гр спанаќ

- морско оревче

- сол

- ореви

Подготовка:

Ставете вода во поголемо тенџере и кога ќе зоврие додадете го спанаќот. Гответе најмногу една минута.

Испасирајте го додека не добиете еднаква смеса. Додадете сол и малку морско оревче.

Супата можете да ја украсите со грубо исечкани ореви.

Добар апетит!

Тагови
реклама

Локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во наредните денови

Read more

Северна Кореја го пушти во акција разурнувачот Канг Кон од 5.000 тони

Read more

Американците распределија ракетни системи што може да досегнат до Москва

Read more

Шефицата на AfD: Има премногу доселеници кои само го користат германскиот систем за социјална помош

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Крем супа од тиквички

Read more

Трик за сочно и меко печено пилешко

Read more

Кремаст колач со мак и овошје

Read more

Полнети пиперки без ориз на херцеговачки начин

Read more

Магазин

  • play_arrow

10 места што биле испразнети и напуштени преку ноќ

Читај повеќе

Што да направите во септември за вашите хортензии да цветаат бујно следната година?

Читај повеќе

Рецепт на денот: Крем супа од тиквички

Читај повеќе

Како Меркур во Вага ќе влијае на секој хороскопски знак од 10 до 30 септември?

Читај повеќе

Што се случува во телото кога редовно јадете грав? 

Читај повеќе

Зошто Италијанците го пијат утринското кафе „од нога“?

Читај повеќе

Што ви носи големиот неделен хороскоп од 7 до 13 септември?

Читај повеќе

Дали кафето навистина ви помага да се разбудите?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се движите повеќе после јадење?

Читај повеќе