Вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија денеска повторно еруптираше, исфрлајќи пепел и густ чад до 4.000 метри во висина, соопшти Националниот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ).
Врвот на планината, висока 3.300 метри, во раните утрински часови беше во пламен, откако во текот на ноќта исфрлаше лава во висина од повеќе метри.
ИНГВ неодамна регистрира дополнителна активност на вулканот.
Стромболи, на истоимениот вулкански остров во североисточна Сицилија, исто така, еруптираше за време на викендот, а лавата стигна до брегот.
Досега нема извештаи за големи штети или повредени од вулканите на двата острова.