Синоќа вечер и во текот на ноќта вулканот Етна повторно беше активен исфрлајќи фонтана од лава.
Вулканот кој се наоѓа во источниот дел на Сицилија помеѓу градовите Месина и Катанија, повторно имаше силна ерупција.
Според Националниот институт за геофизика и вулканологија, кој постојано го набљудува вулканот, ерупцијата почнала од југоисточниот кратер, но потоа следувала активност и од останатите кратери.
Вулканските татнежи почнале уште синоќа сабајлето, а се засилиле околу 16 часот. Вечерта почнала и ерупцијата на лава.
Етна, кој е стратовулкан, е најактивниот вулкан во Европа кој често еруптираше во последните неколку месеци. Изминатите неколку години ерупциите беа доста силни и резултираа со материјални штети и човечки повреди.