ЕУ е против трка со САД за вакцината за COVID-19

По повод најавата на САД дека се „први во редот“ за добивање на вакцината против COVID-19, која ја развива француската компанија Sanofi, европски дипломати од Брисел порачаа дека тоа не е трка и ја повикаа администрацијата во Вашингтон да се приклучи кон глобалните напори за истражување, производство и дистрибуција на идната вакцина.

По најавата на францускиот фармацевтски гигант Sanofi дека ќе му даде предност на американскиот пазар при испораката на вакцината против COVID-19, откако ќе се развие вакцината, од ЕУ дојдоа остри критики.

Француското Министерство за финансии предупреди дека таквата одлука на француската компанија е „неприфатлива“, и покрај фактот што истражувањето за вакцините делумно беше финансирано од американскиот Центар за биомедицински напредни истражувања и развој.

Од друга страна, Брисел испраќа своја порака до Вашингтон на кого ова не му е првпат да се обиде со финансиски средства да стекне право на приоритет за идната вакцина против коронавирусот, коментираат светските агенции.

– ЕУ инсистира на солидарност и блиска соработка како најефикасен одговор на COVID-19. Вакцината против COVID-19 треба да биде општо јавно добро и да биде универзално достапна, рече портпаролот на Комисијата, Стефан Де Керсмакер.

Во Брисел потсетуваат дека на донаторската конференција организирана од ЕУ, партнерите ширум светот собрале 7,4 милијарди евра со цел да се обезбеди глобална достапност до вакцини, дијагностика и третман за COVID-19.

– На донаторската конференција учествуваа 40 држави од целиот свет, а беа присутни и некои американски учесници. Се надеваме дека американската администрација ќе биде вклучена во овој глобален одговор, наведуваат во Брисел.

Се додава и дека што и да одлучат САД, стратегијата на ЕУ во врска со заедничката соработка за глобалниот одговор против пандемијата COVID-19 нема да се смени.

САД и Русија не учествуваа на меѓународната донаторска конференција што се одржа на 4 мај во организација на ЕУ.

Во Европската комисија велат дека на француската компанија Sanofi, покрај помошта што ја добива од националните власти, на располагање и се и наменски програми на ЕУ за финансирање на истражување и развој.

Претставници на Sanofi наведуваат дека во втората половина од 2020 година, може да има клинички испитувања на вакцината, која доколку се покаже како успешна, би можела да биде на пазарот во втората половина на 2021 година.

Европската комисија, преку Европската инвестициска банка во април обезбеди 80 милиони евра за германската фармацевтска компанија KurWerk, која исто така работи на истражување на вакцина против COVID-19.

Брисел го презеде овој чекор по информациите објавени во германските медиуми за настојувањето на американскиот претседател Доналд Трамп од KurWerk да обезбеди ексклузивен пристап до евентуална идна вакцина против COVID-19.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе