ЕУ разгледува итно одобрување на вакцини против COVID-19

Европската комисија денеска соопшти дека разгледува итно одобрување на вакцини против COVID-19 како побрза алтернатива на построгите условни одобренија какви што се спроведени досега.

Таквиот потег значи голем пресврт во одобрувањето на вакцините, бидејќи тоа вклучува процедура која ЕУ ја сметаше за опасна, а пред пандемијата на COVID-19 беше резервирана само за исклучително национално одобрување на лекови за неизлечиво болни пациенти, вклучително и лекување на рак.

Потенцијалните промени доаѓаат во момент кога ЕК и европскиот регулатор за лекови се под зголемен притисок поради „бавното одобрување на вакцините“, што придонесе за побавно воведување на вакцините против COVID-19 во Унијата од 27 земји, во споредба со САД и поранешната земја-членка на ЕУ, Велика Британија.

– Подготвени сме да ги разгледаме со земјите-членки сите можни начини и навистина да го забрзаме одобрувањето на вакцините, изјави портпарол на ЕК на прес-конференција.

Според него, „една од можностите може да биде итно одобрување на вакцините на ниво на ЕУ со заедничка одговорност меѓу земјите-членки“, додавајќи дека тоа може да се случи многу брзо доколку владите на ЕУ ја поддржат идејата.

– Сè уште не е познато дали процесот на итно одобрување на ниво на цела ЕУ, доколку биде договорен, ги подразбира истите услови како и итните одобренија издадени на национално ниво, истакна портпарол на Комисијата.

Европската агенција за лекови (ЕМА) моментно не може да издаде итни одобренија. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе