ЕУ сака да ги заостри правилата за испраќање отпад во посиромашните земји

Европската комисија денеска предложи ревизија на европските правила за извоз на отпад за да им се отежне на земјите-членки да испраќаат отпад во посиромашните земји.

Предложениот закон, кој допрва треба да биде одобрен од земјите-членки на ЕУ и Европскиот парламент, е дел од планот на Брисел да го намали загадувањето и да се погрижи материјалите како пластика, текстил и метали да се реупотребуваат и рециклираат наместо да се фрлаат.

Половина од отпадот отишол во посиромашните земји

„Целта е да се принуди ЕУ да преземе поголема одговорност за отпадот што го произведува. Тоа не е случај денес и тоа е она што треба да се промени“, изјави високиот претставник на ЕУ за животна средина Виргиниус Синкевичиус.

Унијата извезла околу 33 милиони тони отпад минатата година, од кои околу половина отишле во посиромашните земји кои не се членки на ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој) со послаби правила за управување со отпад од земјите-членки на ЕУ, со што се префрлаат загадувањето на земјите од Европската Унија во странство.

„Само помислете на целиот тој пластичен отпад поради лошото управување со отпадот“, рече Синкевичиус.

Сиромашните земји ќе треба да докажат дека можат да го отстрануваат отпадот

Според предлогот, земја која не е членка на ОЕЦД треба да го информира Брисел дека сака да прима пратки отпад од ЕУ и да докаже дека може да го отстранува отпадот на еколошки начин. Ако земјата може да го стори тоа, на земјите од ЕУ ќе им биде дозволено да го испраќаат својот отпад таму.

Дополнително, извозот на отпад во земјите на ОЕЦД би бил под контрола на Унијата, а штом ќе се изрази загриженост дека таквиот извоз предизвикува загадување во една земја, Брисел би можел да го прекине доколку нема доволно докази дека може одржливо да управува со него.

Европските компании треба да спроведат независни ревизии на депонии надвор од Европската унија на кои испраќаат отпад за да докажат дека таму отпадот може да се третира на одржлив начин, соопшти Комисијата.

Брисел сака повеќе овластувања за истрага на нелегалните пратки на отпад

Предлогот на ЕУ има за цел да ги охрабри 27-те земји-членки да го подобрат својот капацитет за рециклирање и повторна употреба на отпадот дома.

Предлогот ќе ги поедностави правилата за испорака на отпад во Унијата за да се осигура дека пластиката, хартијата, железото и челикот може да се испраќаат во европските капацитети за рециклирање. Брисел, исто така, сака повеќе овластувања за истрага на нелегалните пратки на отпад.

Предлогот беше критикуван од индустријата за рециклирање метал, која тврди дека ЕУ го третира пластичниот отпад од плажите на ист начин како и висококвалитетниот метал што оди во топилниците.

„Споредуваат баби и жаби“, рече Мурат Бајрам од European Metal Recycling, додавајќи дека дополнителната бирократија за извоз на старо железо ќе ѝ наштети на индустријата со тоа што ќе спречи вишокот материјал да стигне до крајните пазари каде што е потребно.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Свет

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе