Европа во нов локдаун, во Вухан се журкаат „како да нема утре“

Ноќниот живот во Вухан се врати во нормала, седум месеци откако градските власти ги укинаа строгите ограничувачки мерки поради пандемија со COVID-19 што почна токму од овој кинески град.

Една од првите што ги почувствува придобивките од ноќниот живот беше Џанг Кјонг, која го прослави својот 29-ти роденден со пријателите во голем паб во Вухан.

„После сè низ што поминав за време на првиот бран на пандемијата на коронавирус во Вухан, а потоа откако бев ослободенс од рестриктивните мерки, се чувствувам како да живеам втор живот“, рече Џанг која работи во продавница за текстил во Вухан.

Додека таа и нејзините пријатели го славеа нејзиниот роденден, луѓето надвор се радуваа, имаше забави низ целиот град, со еден збор, Вухан се претвори во фестивалски град каде животот се живее „со полни гради“, а младите се журкаат „како да нема утре“.

Наводно, во Вухан не е забележана нова локална инфекција со COVID-19 од 10 мај.

Истовремено, во остатокот од светот, а особено Европа и САД, се затвора сè што може да се затвори пред претстојните новогодишни празници, бидејќи бројот на новозаболени и починати ги соборува сите рекорди од ден на ден.

Нови „празнични“ локдаун мерки најавија Германија, Холандија и Чешка, а кај нас во периодот од 18 декември до 20 јануари на полноќ угостителските објекти да работат до 18 часот наместо како досега до 21 часот, а изречени се и забрани за организирање новогодишни и предновогодишни прослави на отворен и затворен простор, препораки до верските заедници да не повикуваат на масовни групирања за претстојните верски празници, како и препорака до општините и работните организации да не организираат прослави.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе