Европарламентот го усвои Извештајот за Северна Македонија

Брисел, 19 мај 2022 (МИА) – Европските парламентарци попладнево со 508 гласа „за“ и 56 „против“ го усвоија Извештајот за напредокот на Северна Македонија на известувачот на Европскиот парламент, бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, усвојувајќи притоа и некои од контроверзните амандмани, јави дописничката на МИА од Брисел.

Извештајот го поздравува реформскиот напредок на земјата и инсистира на имплементација на Договорот за добрососедство со Бугарија.

Европратениците ги одобрија спорните амандмани 75б, 79 и 80, за кои предупреди Институтот за европска политика (ЕПИ) дека претставуваат поткопување на основните стандарди вредности на ЕУ.

Амандманот 75б се однесува на историското помирување и „заедничка историја“, со што според ЕПИ, Европскиот парламент го одобрува притисокот што го врши Бугарија за да се толкува историјата на нивен начин.

Амандманот 79, кој исто така е усвоен, се оценува како притисок врз заедничката Комисија за , историски и образовни прашања, која треба да работи независно и без никакви политички притисоци.

Конечно амандманот 80, се коси со проценката на Европската Комисија, бидејќи гласи оти нема напредок во имплементацијата на Договорот за пријателство меѓу земјава и Бугарија од 2017, што не е став на Европската комисија во нејзиниот последен извештај во 2021, предупреди ЕПИ.

Освен тоа неколку европратеници од бугарската националистичката ВМРО – Бугарско национално движење во текот на расправата пред гласањето ја нареко Северна Македонија „геноцидна кон Бугарите“.

Европратеникот Андреј Слабаков дури оцени дека без бараните бугарски промени, членството на Северна Македонија е рамно на „тумор за ЕУ“.

реклама

ИХФ го смени распоредот, Македонија ќе игра двапати на ручек

Read more

Голем митинг на Трамп: До зајдисонце ќе биде запрена инвазијата на нашата земја

Read more

Израелски медиуми: Хамас им даде торби со подароци на ослободените жени

Read more

Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки

Read more

Македонија

Мицкоски во САД разговарал со Такер Карлсон

Read more

Милошоски: За прв пат премиер на Македонија е поканет на инаугурација на претседател на САД

Read more

Од полноќ повисоки цени на бензинот и дизелот

Read more

Без парно греење останаа повеќе делови од Скопје

Read more
 

Вести

Мицкоски во САД разговарал со Такер Карлсон

Читај повеќе

Орбан пред инаугурацијата на Трамп: Уште неколку часа и сонцето ќе свети поинаку во Брисел

Читај повеќе

Милошоски: За прв пат премиер на Македонија е поканет на инаугурација на претседател на САД

Читај повеќе

Трагедија во Делчевско: Се запали куќа, загина 37-годишен маж

Читај повеќе

Од полноќ повисоки цени на бензинот и дизелот

Читај повеќе
  • play_arrow

Масовно уништување: Газа од дрон на првиот ден од прекинот на огнот

Читај повеќе

Без парно греење останаа повеќе делови од Скопје

Читај повеќе

За наградата Роман на годината во трка 43 романи

Читај повеќе

Инаугурацијата на Трамп ќе биде напладне по американско време

Читај повеќе