Година и половина после претставувањето во Америка, новата генерација на најпопуларниот SUV модел на Honda пристигна и во Европа.
Јапонскиот произведувач се држеше до веќе проверената формула, кога станува збор за надворешниот дизајн на автомобилот – екстериерот е модернизиран, но сепак се задржани препознатливите пропорции и линии кои го красеа неговиот претходник.
Внатрешноста е многу повеќе модернизирана. CR-V доби и дигитална инструмент табла, што нема многу да им се допадне на потрадиционалните потрошувачи, а овде е и нов волан.
За идните купувачи на располагање е и седуминчен екран за мултимедијалниот систем на средишната конзола.
За прв пат Honda CR-V ќе биде достапна и во конфигурација со 7 седишта.
Новиот CR-V во Европа пристигнува во две варијанти, без дизел мотор – односно со 1.5 турбо бензинец со мануелен менувач со 6 брзини или опционен CVT менувач, и во хибридна верзија, која покрај 2.0 литарски бензинец, за погон користи и 2 електрични мотори.