УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2022/2023

Евровизија го зафркна Сити, ден помалку одмор пред ЛШ реваншот

Филип Здравески
/ 12.05.2023 / 11:29

Поради саботното финале на Евровизија, која се одржува во Англија, на ФА од полицијата ѝ било наредено тој ден да не организира натпревари во овој град.

Манчестер Сити во сабота требаше да му гостува на Евертон во Ливерпул, но ќе мора овој натпревар да го игра ден подоцна, односно в недела.

Ова е по наредба на локалната Мерсисајд полиција која на ФА ѝ наложила да не организира фудбалски натпревари во градот Ливерпул бидејќи таму вечерта ќе се одржи финалето на овогодишната Евровизија. Причината е за да не се создаваат гужви низ градот бидејќи ќе има недостаток на полицајци за да се контролира сообраќајот.

Така, Еверон сега ќе го пречека Манчестер Сити в недела од 15 часот, што значи дека за полуфиналниот реванш од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, закажан за в среда од 21 часот, „Граѓаните“ ќе имаат еден ден помалку за одмор.

Сити избегна пораз во Мадрид во вторникот и одигра 1:1, па на реваншот ќе треба да победи за да се избори за големото финале каде би играл со победникот од миланското дерби Интер - Милан („Нераѕурите“ имаат 2:0 по првиот натпревар).

За разлкика од Сити, Реал Мадрид својот лигашки натпревар го игра в сабота од 21 часот против Хетафе и ќе има една ноќ одмор повеќе од англискиот шампион.

Евровизија годинава се организира во Англија бидејќи минатогодишниот победник Украина поради војната со Русија не е во можност да го организира настанот.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе