Фановите на „The Crown“ не сакаат Андерсон да ја глуми Тачер

Одлуката на Netflix на ја додели улогата на Маргарет Тачер на ѕвездата од „X-Files“, Џилијан Андерсон, предизвика бура негодувања и кај фановите на серијата и кај оние на актерката поради различните убедувања на Андерсон и на поранешната премиерка на Обединетото Кралство.

„The Crown“ го следи животот на кралицата Елизабета II, а веќе стигна до четвртата сезона каде следува периодот кога контроверзната Маргарет Тачер е премиерка. Netflix викендов потврди дека Андерсон е одбрана да ја игра улогата на „железната дама“.

Тачер беше позната по својата десно-ориентирана економска идеологија. Ги разбиваше работничките синдикати, ја приватизираше индистријата, го задушуваше бунтот во Северна Ирска, а со војна ги врати Фолкландските Острови од Аргентина. Беше против имиграција, против ЛГБТ заедницата, додека за фиминизмот велеше дека е „отров“.

Андерсон е целосна спротивност од она што беше Тачер. Таа е голем активист во борбата за правата на жените и е позната феминистка. И не само тоа, активист е за правата на децата, на домородните народи, на животните, а се бори и за заштита на природата.

„Мислам дека Андерсон не е свесна за што се залагаше Тачер. Не верувам дека има сфатено. Тачер беше монструм и воен злосторник“, напиша еден фан.

„Ми се допаѓа Џилијан и веројатно ќе му се допадне и како ќе ја одигра улогата. Но, дали тоа значи дека ќе почне да ми се допаѓа и Тачер?“, коментираше друг.

Има и такви кои го бранат изборот на Андерсон бидејќи актерството не треба да има врска со приватниот живот.

„А што е со Хитлер? Германскиот актер Бруно Ганц одлично го одигра Хитлер во „Der Untergang“. Дали требаше да ја одбие улогата поради идеолошката разлика со ликот? Дали Хитлер требаше да го глуми вистински нацист?“

реклама

Фитнес експерт до почетници во вежбањето: Учете од моите грешки

Read more

Паднаа Facebook и Instagram – дали забележавте проблеми?

Read more

Ова се десетте најпаметни трансфери направени летово

Read more

Ни халал, ни кошер: Полска ќе забрани колење животни по верски правила

Read more

Филм & ТВ

„Good Morning, Verônica“ - нова крими драма на Netflix за изопачен сериски убиец

Read more

Почнува 19. Синедејс – Цело Скопје ќе биде кино на отворено

Read more

Мадона режира биографски филм за нејзиниот живот

Read more

Netflix направи документарец за „финиот убиец“ кој ја потресе Америка

Read more

Сцена

Колкупати „Metallica“ гостувала во секоја земја?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Good Morning, Verônica“ - нова крими драма на Netflix за изопачен сериски убиец

Читај повеќе

Почнува 19. Синедејс – Цело Скопје ќе биде кино на отворено

Читај повеќе

Мадона режира биографски филм за нејзиниот живот

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix направи документарец за „финиот убиец“ кој ја потресе Америка

Читај повеќе
  • play_arrow

„Emily in Paris“ – нова Netflix серија од креаторите на „Sex and the City“

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 филмови каде светот навистина се уништува

Читај повеќе
  • play_arrow

10 причини зошто „Dune“ ќе биде најдобриот научно-фантастичен филм на деценијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Искрен трејлер за „Mulan“

Читај повеќе