Fast X на врвот на бокс-офисот по премиерата

Најновиот филм во франшизата Fast & Furoius на Universal, насловен Fast X, заработи 318,9 милиони долари во првиот викенд откако почна да игра во киносалите ширум светот.

Филмот заработи 67,5 милиони долари во Северна Америка, што е помалку од очекуваното за таа област, но успеа да го надомести глобално, пишува The Hollywood Reporter.

Единствениот филм кој имаше подобар прв викенд оваа година беше Super Mario Bros. Movie, кој заработи 377 милиони долари во првиот викенд.

Fast X го симна од врвот Guardians of the Galaxy Vol. 3 на Disney и со тоа стана најгледаниот филм во кината во моментов. И покрај ова, Guardians of the Galaxy викендов имаше импресивна добивка - 32 милиони во САД и 48,8 милиони на глобално ниво, така што досега има заработено вкупно 659,1 милиони долари.

Франшизата Fast & Furoius е една од ретките што е добро прифатена во Кина, поради што последниот дел таму заработи 78,3 милиони долари. Друга територија каде што филмот доживеа успех е Мексико, каде заработи 16,7 милиони долари во првиот викенд.

Remote video URL

CinemaScore на десеттото продолжение на серијалот му даде оценка Б+, исто како и на филмот Fast and Furious 9, кој излезе во 2021 година и чија премиера беше погодена од пандемијата на коронавирус.

Од сите филмови во франшизата, Fast & Furious 7 имаше најсолиден премиерен викенд во Северна Америка, со заработка од 148 милиони долари.

Fast X го режираше Луис Летериер, режисер на Masters of Illusion и The Incredible Hulk.

Вин Дизел ја предводи ол-стар актерската екипа која ги вклучува Мишел Родригес, Тајрис Гибсон, Лудакрис, Сунг Канг и Џордан Брустер. Нови лица во филмот се Џејсон Момоа, Бри Ларсон и Рита Морено, која ја игра бабата на ликот на Дизел.

Во филмот играат и Натали Емануел, Џон Сена, Џејсон Стејтам, Алан Ричсон, Даниела Мелкиор, Скот Иствуд, Хелен Мирен и Шарлиз Терон.

Тагови
реклама

Шест знаци дека ви недостасува витамин Б12

Read more

Зошто луѓето го мразат Новак Ѓоковиќ?

Read more

Рани симптоми на срцев удар што се појавуваат неколку месеци порано

Read more

Зошто Белгија воведува зелено трепкачко светло на возилата?

Read more

Филм & ТВ

Muted е меѓу најгледаните серии на Netflix, сите ја коментираат последната сцена

Read more

Георгина ги украде погледите во Кан

Read more

Наскоро доаѓаат летните блокбастери

Read more

Топ 10 најсмешни блупери на Џим Парсонс како Шелдон

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Muted е меѓу најгледаните серии на Netflix, сите ја коментираат последната сцена

Читај повеќе
  • filter

Георгина ги украде погледите во Кан

Читај повеќе
  • play_arrow

Наскоро доаѓаат летните блокбастери

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најсмешни блупери на Џим Парсонс како Шелдон

Читај повеќе
  • play_arrow

Тина не си го сакала големиот хит награден со Греми: Ужасна и грозна песна

Читај повеќе

Почина Тина Тарнер

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Новата Софија Лорен во предизвикувачки фустан блесна во Кан

Читај повеќе
  • play_arrow

Спремете ги паломите: Романтични филмови кои немаат среќен крај

Читај повеќе

Џуд Ло создал парфем со мирис на пот, крв и измет, сакал да ја долови новата улога

Читај повеќе