КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Фернандеш го урна македонскиот мундијалски сон

Филип Здравески
/ 29.03.2022 / 22:48

Македонија ќе мора да почека некоја друга шанса за настап на светската фудбалска сцена бидејќи вечерва со 2:0 загуби во Порто во решавачкиот натпревар за пласман на Мундијалот во Катар откако Бруну Фернандеш искористи две наши грешки.

За разлика од натпреварот во Палермо селекторот Милевски направи промена во формациската поставеност решавајќи се за 4-4-2 наместо 4-3-2-1, а замени и двајца играчи бидејќи Елмас и Костадинов се вратија по суспензијата (на сметка на Чурлинов и Николов). Натпреварот го почна со Столе Димитриевски помеѓу стативите, во одбраната лево Езџан Алиоски, десно капитенот Стефан Ристовски, на централните бековски позиции Висар Муслиу и Дарко Велковски, во средината Енис Барди, Аријан Адеми, Елиф Елмас и Тихомир Костадинов, а во нападот Александар Трајковски и Милан Ристовски.

Португалија доминираше кога станува збор во поседот на топка, иако јасно се виде дека Македонија на овој натпревар не е ориентирана кон тотална дефанзива бидејќи често се обидуваше да напаѓа.

Првата шанса ја имаше Бруну Фернандеш во 13. минута кога по едно нафрлување се обиде со глава, но над голот. Во наредната минута Кристијано Роналдо имаше одлична можност кога излезе сам пред Димитриевски од левата страна, ја бараше подалечната статива, но за среќа промаши за малку.

Следуваше обид на Алиоски кој заврши во еден домашен играч и изнуди корнер. Барди мораше и по втор пат да изведува бидејќи Португалија одлично бранеше. За потсетување, Македонија во Палермо не изведе ниту еден удар од аголот.

Се играше 32. минута кога „Рисовите“ комбинираа на средината, а Португалците играа пресинг. Таквата игра го натера капитенот Ристовски да бара излез враќајќи назад полувисоко, Фернандеш пресече и веднаш додаде до Роналдо, овој одлично одигра и му сервираше во празно на Фернандеш за водство од 1:0.

Remote video URL

Тој неочекуван гол по наша грешка малку како да ги блокираше македонските фудбалери па Португалија до полувремето ја контролираше играта. Се закани преку Диогу Жота и Жуау Мотињу, но првиот биеше крај голот, а вториот над пречката

Во вториот дел „Рисовите“ тргнаа похрабро, но Португалија се покажа како доста понадмоќна репрезентација добивајќи ги дуелите пред својот шестнаесетник и на тој начин не дозволувајќи да се создаде сериозна шанса по голот на Диогу Кошта.

65-тата минута беше во тек кога Македонија беше во напад кој ветуваше, но Барди претера со топката, го загуби дуелот со Пепе, а Португалците поитаа во контра која заврши со гол на Фернандеш од прва, негов втор на натпреварот. И овој гол падна по наша грешка.

Remote video URL

Водството од два гола се покажа како недостижно, па до крајот освен некои јалови и неконкретни обиди на „Рисовите“ не видовме ништо друго, а Португалците тактички ја умртвуваа играта.

Португалија патува во Катар, а Кристијано Роналдо сепак ќе има можност да го игра својот петти Мундијал и со тоа да влезе во легендите.

URL
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе